(ФОТО) ГОЛЕМА ПРОСЛАВА – Илјадници навивачи во Мадрид ја прославија титулата европски првак

Фудбалерите ќе бидат пречекани во шпанската престолнина во недела…
Илјадници навивачи на Реал Мадрид се собраа во центарот на Мадрид во саботата вечерта за да ја прослават титулата европски фудбалски шампион.
Реал Мадрид го победи Ливерпул со 1-0 во финалето на Лигата на шампионите во натпревар одигран во Париз.
Илјадници луѓе се собраа кај фонтаната на римската божица Сибелес во центарот на Мадрид, каде навивачите традиционално ги слават титулите на „Кралскиот клуб“.
– Campeones, campeones – се извикувало ноќта кога Реал Мадрид стигна до рекордната 14. европска титула.
Фудбалерите ќе бидат пречекани во шпанската престолнина во недела. Фудбалерите ќе го напуштат својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ на северот од градот во 18.15 часот кон центарот, каде ќе ја посетат градската катедрала, седиштето на регионалната влада на главниот плоштад во Пуерта дел Сол и градското собрание.


– Сега ќе славиме и ќе уживаме бидејќи работевме напорно во текот на сезоната – изјавил Виникус Јуниор, кој го постигна победничкиот гол во 59. минута.
Играчите ќе пристигнат на фонтаната Сибелес околу 20.15 часот каде капитенот на тимот ќе врзе шал на клубот околу вратот на споменикот на божицата, по што прославата ќе продолжи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред преполните трибини.

– За мене беше сон да играм во финалето на Лигата на шампионите и уште да постигнам гол во него. Нема ништо поголемо од тоа. Фудбалерите на Реал Мадрид се навикнати на вакви прослави бидејќи некои пет пати ја освојувале Лигата на шампионите, но за мене ова е прв пат. Ќе продолжам да ја креирам историјата на овој клуб – изјавил Винисиус.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …