Дождот ја скрати трката, Перез ја искористи грешката на Ферари

Макс Ферстапен повторно подобар од Леклер, на тој начин Холанѓанецот ја зголеми предноста во генералниот пласман.
Спектакуларна Формула 1 трка во Монте Карло! Дури и кога времето беше „нормално“, уличната трка во Кнежеството секогаш привлекуваше големо внимание. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека во пресрет на планираниот старт на трката падна силен дожд, па стартот беше одложен, јасно беше дека се’ ќе се случи.
Како и да е, на крајот славеше Мексиканецот Серхио Перез од Ред Бул, за прв пат оваа сезона! Го следеше возачот на Ферари, Карлос Саинц, потоа колегата на Перез, Макс Ферстапен, додека Шарл Леклер беше само четврти.


Велиме само, со оглед на тоа дека имаше пол-позиција, а тоа е огромна предност во Монте Карло, каде претекнувањето е навистина ретко. Скапо го чинеше лошата проценка на неговиот тим, односно тајмингот на менување гуми од оние за дожд во гуми за променливи временски услови.
Ферари потоа падна од позицијата „еден“ и „два“ на „два“ и „четири“. Поточно Леклер падна за три позиции. Во меѓувреме, се случи посериозен инцидент, кога возачот на Хас, Мик Шумахер, изгуби контрола над болидот, трипати сврте и удри во заштитната ограда. Германецот за среќа помина без повреди, а на патеката излезе „безбедносен автомобил“.

По два круга трката беше прекината бидејќи за кратко време не можеше да се санира заштитниот ѕид. По 15. минути трката продолжи зад „безбедносното возило“, а возилата ги менуваа гумите на паузата.


Бидејќи трката може да трае најмногу три часа со сите прекини од оваа сезона, се преминало на временскиот лимит, односно возење во Монте Карло до 18. часот. Редоследот секако остана ист, па Перез го оствари првиот триумф сезонава.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КРАЈ НА ГРУПНАТА ФАЗА – Пред нас е голем ден на Светското првенство: Србија сака да се одмазди – се збогуваме со фаворитот од сенка?

Остануваат уште четири натпревари од групната фаза на Светското првенство во Катар и тие се …