Во сабота од 21. часот на стадионот „Франција“ во Париз ќе се одигра финалето од Лигата на шампионите меѓу фудбалерите на Реал Мадрид и Ливерпул.
Цел свет со нетрпение го очекува одговорот на прашањето кој е моментално најдобар на „Стариот континент“ и кој ќе го крене популарниот трофеј „ушле“.
Од една страна е Мадрид со рекордни 13. титули, предводен од Карим Бензема и неверојатен пат до финалето – три чудесни пресври против ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити, а од друга страна Ливерпул, кој и покрај тоа што ја загуби титулата во Премиер лигата, може се смета за благ фаворит.
View this post on Instagram
„Се може да се случи во финалето. Мораме да бидеме подготвени на се. Има работи кои не можете да ги контролирате. Имавме доволно време да се подготвиме и подготвени сме за финалето”, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти на прес-конференцијата.
Италијанскиот стручњак по петти пат ќе го води тимот во финалето, на претходните четири победи двапати со Милан и еднаш со Реал, а загуби само во култниот меч Милан – Ливерпул во Истанбул по предност од 3:0 на полувреме.
„Знам дека звучи чудно, но мислам дека мојот тим одигра најдобро во финалето што го загубив“, истакнал Анчелоти.
Реал е во исклучителна серија од седум последователни победи во финалето, која започна во 1998. година со голот на Предраг Мијатовиќ против Јувентус во Амстердам.
Тие победија во последното финале против Ливерпул, во 2018. година во Киев, со 3:1.
View this post on Instagram
“Верувам дека научивме многу од таа игра, дека созреавме. Оттогаш многу пораснавме како тим. Дали подготвувам изненадување? Не, ако се обидов да им претставам нешто ново на моите играчи пред овој натпревар, би мислеле дека сум нервозен, но навистина не сум“, изјавил Јирген Клоп, кој по тој пораз, следната сезона, на Ливерпул му го донесе шестиот трофеј во историјата со победата од 2-0 против Тотенхем во финалето.
View this post on Instagram
Екипите на Реал Мадрид и Ливерпул, како што е најавено, ќе настапат во овие состави:
Фото: Принтскрин/b92