(ВИДЕО) Мајка во последен момент ја спасила ќерка си од мечка: „Се исплашив и почнав да пцујам!“

ЕДНА жена од Вашингтон станала вирална по навремена и храбра акција да го спаси своето дете од сигурна смрт. Видеото од безбедносната камера, кое во меѓувреме собра околу 3,2 милиони прегледи на TikTok, ја покажало оваа страшна ситуација која ја замрзнува крвта во вените.

@remi_lynn8

loading...

Reupload with stitches turned on!

♬ original sound – Remi


Имено, девојчето излеглао низ влезната врата од куќата и поминала низ тремот до дворот, а во кадарот се појавила нејзината мајка одејќи неколку чекори зад неа. Забележала дека девојчето видело нешто зад оградата и возбудена се упатила кон тоа. Сфаќајќи дека се работи за црна мечка, мајката не се двоумела и потрчала по малечката, ја грабнала и ја однела дома.


„Се исплашив и почнав да пцујам“, изјавила Саманта Мартин за Storyful за инцидентот што продолжува да ја преплашува онлајн заедницата.
Според Саманта, нејзината ќерка по име Џунипер неодамна прочитала книга за препознавање на животни и заклучила дека мечките и се омилени.
Саманта на крајот рекла дека станувало збор за младенче на мечка, велејќи: „Не знаев каде е неговата мајка и како ќе се однесува ако две човечки суштества трчаат кон нејзиното бебе“.
За среќа, се’ се завршило добро, а малото девојче засекогаш го има споменот на релативно блиска средба со омиленото животно.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ – Гледачите згрозени од новиот филм за Мерлин Монро: „Ова е сурово, не го гледајте!“

Филмот „Blonde“, измислена приказна за легендарната актерка Мерлин Монро, кој неодамна беше објавен на Нетфликс, …