(ФОТО) Турскиот Бред Пит, Киванч Татлитуѓ, открил како се снаоѓа во улогата на татко со новородениот син

Киванч Татлитуѓ, главниот лик во серијата „Украдено минато“ на Dizi, веќе цел месец го доживува чувството на татковство, со среќата што го дава ова ново искуство како родител. Тој конечно го даде своето прво интервју во најважната улога во животот – улогата на татко.

Но, покрај убавата вест за раѓањето на неговиот син, она што веднаш паѓа во очи кај новиот татко и познат глумец на неговиот Инстаграм профил е неговиот нов имиџ без мустаќи.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is kivanc-1.jpg

Не премиерата на неговиот најнов проект, Киванч со неговиот нов стил го сподели чувството и досегашното искуство со малиот син Курт Ефе. Тој изрази голема благодарност за топлиот одзив на публиката по повод раѓањето на синот и зборуваше и за неспоредливото чувство што му го дал неговиот син, велејќи: „Ова е најубавото чувство на светот, не можам да најдам зборови!“


Зборувајќи за значењето на името Курт Ефе, актерот рече дека откри дека и двете имиња имаат посебно значење. „Курт“, беше инспирирано од еден претходниот проект, лик кој беше многу значаен за актерот. „Ефе“ стои со цел да му пренесе порака на синчето: да биде добар за себе и за своето семејство, но и за својата нација.

This image has an empty alt attribute; its file name is kivanc-3-jpg.jpg


Киванч Татлитуѓ е дел од многу познати турски серии, а кај нас моментално е актуелен во улогата на Цесур Алемдароглу во „Украдено минато“.

Во фокусот на приказната се двајцата главни протагонисти – Цесур и Сухан. Во неа, Цесур се враќа во својот роден крај, мало гратче во околината на Истанбул, Кордулаѓ, со цел да му се одмазди на таткото на Сухан, Тахсин Кордулаг поради нивното вековно семејно непријателство.

This image has an empty alt attribute; its file name is kivanc-4.jpg

Цесур е човек кој доживеал големи трагедии и е во постојана потрага за вистината за своето семејство. По случајна средба со Сухан, тие се заљубуваат и Цесур станува дел од семејството на неговиот непријател. Дали неговата љубов кон Сухан ќе го спречи да продолжи со одмаздата кон Тахсин или и љубовната врска со Сухан е дел од неговиот план за одмазда?

Нашите гледачи можат да уживаат во случувањата од животите на Цесур и Сухан, секој ден од 16:45 на каналот Dizi.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Македонската спикерка по втор пат стана баба, да беше жив и нашиот актер ќе станеше дедо – името на внуката по денешниот православен празник!

Гордана Ѓорчева, спикерка во МТВ, денес по втор пат стана баба.Таа радосната вест ја сподели …