ЕДНИТЕ ЗЕМААТ 10.276 ДЕНАРИ, ДРУГИТЕ 60.294 ДЕНАРИ: Kолку пензионери висината на пензијата ги смести на самото дно, а колку на врвот?

Точно 3,031 пензионер во државата земаат најнискa пензија во висина од 10.276 денари. Станува збор за пензионери кои правото да заминат во пензија го оствариле од 01.01.1997 година и тоа во третата група, во многу турбулентен периодот за државата.

Според последните објавени податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) за месец април, во категоријата најниски пензии висината на месечните примања на пензионерите се движат од 10.276 до 12.911 денари. Вкупниот број на пензионери кои спаѓаат во категоријата со најниски пензии изнесува 81 427 или секој четврт пензионер во државава влегува во оваа категорија.


Бројката од 3,031 пензионер се најсиромашните помеѓу пензионерите со најниски примања. Најбројни корисници, пак на најниски пензии се оние што оствариле право на пензија по 2002 година, нивниот број е 66,970. Од нив, 43,905 земаат пензија малку над најмалата, односно 10.791 денар.

МАКСИМАЛНИ ПЕНЗИИ


Во април вкупниот број на пензионери изнесувал 326 645. За разлика од пензионерите со најниски пензии кои се 25% од вкупниот број на пензионери во земјава, процентот на пензионери кои уживаат во најголемите пензии е само 0,4 отсто.

Во бројка тоа изнесува 1,348. Во оваа група висината на пензиите се движи од 41.724 денари до највисоката 60.294 денари. Од нив, најмногу 871 пензионер земаат пензии во висина од 43.465 денари. Највисоката меѓу максималната пензија (60.294 денари) што почна да се исплаќа од март ја земаат 23-ца пензионери.


ПИОМ во април пресмета бројот на пензионери се зголемил за 596 лица. Просечната пензија во четвртиот месец изнесувала 16.339 денари.

Од вкупниот број на пензионери 325 653 добиле пензија врз основа на работно право, 924 се запишани како воени пензионери и 68 лица се корисници врз основа на земјоделско право. Најниска просечна пензија е земјоделската 8.484 денари, највисока воената од 23.572 денари.

ОГРОМЕН ЈАЗ МЕЃУ ПРИМАЊАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Најголемиот дел од нив земаат пензија што спаѓа во највисоката квота или пак во најниската. Податоците говорат 101.690 пензионери, што е најбројна група (31.13%) земаат пензија над 18.001 денар. Втората по бројност е групата пензионери што земаат пензија до 11.500 денари и нивниот број изнесува 89.386 (27.36%). Не е за потценување ниту групата на пензионери што земаат од 11.501 денар до 14.000 денари. Нивниот број изнесува 66.347 (20.31%). И 69.223 пензионери (21.19%) земаат пензија помеѓу 14.001 и 18.000 денари.

Во април бројот на нови корисници на пензија изнесувал 1992-ца. Истиот месец починале 914 пензионери.

Линк до целата анализа: https://pari.com.mk/ednite-zemaat-10-276-denari-drugite-60-294-denar/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Град Скопје по повод 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, обезбеди електромоторни погони како додатоци кои денес се доделија на лица корисници на инвалидски колички

3-ти Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска го одбележавме со Здружението на лица …