Што значи кога го сонувате поранешниот партнер: Едно значење е ПРЕДУПРЕДУВАЧКО – важна ПОРАКА е на пат до вас

Не постои личност на која не и се случило да сонува за поранешен партнер или ситуација низ која сте поминале со таа личност барем еднаш во животот. Не е пријатна ситуација, особено ако имате друг емотивен партнер покрај вас, но не паничете, тоа е нормална работа.

Еве неколку можни значења на таков сон:
Соништата за поранешна љубов, момче, сопруга, сопруг може да укажуваат на тоа дека некој кој моментално е во вашиот живот ги предизвикува кај вас истите емоции како и вашиот претходен партнер. Можно е да ги сакаат истите работи, да имаат исти навики, да ги посетувате истите места како со бившиот или вашиот сегашен партнер да има слични карактеристики како претходниот.


Ако често се повторуваат соништата со бившиот партнер, можно е некаде да грешите. Можеби вашите соништа ви кажуваат дека ги повторувате грешките од старата врска, кои ве оштетиле и оставиле голема трага. Ако сте влегле во нова врска и сонувате за поранешниот партнер, можеби ќе ја преиспитате вашата моментална врска, вашите постапки и постапките на вашиот партнер. Некаде мерите како беше со бившиот партнер, а како е со сегашниот.

Сеќавањето на поранешната љубов не мора да значи дека ќе и се вратите, туку дека всушност има некои нерешени односи и нешто што сè уште ве мачи. Ако сонувате дека вашиот поранешен партнер умрел, тоа значи дека сте подготвени да продолжите понатаму и да го оставите поранешниот партнер. Сакате да започнете нов живот, а соништата ве поддржуваат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …