(ФОТО) Од темнокоса убавица до русокоса заводничка – Моника Белучи во неочекувано издание

Една од најубавите жени на светот се појави во сосема неочекувано издание.

View this post on Instagram

A post shared by Monica Bellucci (@monicabellucciofficiel)


Италијанската актерка Моника Белучи се појави на насловната страница на магазинот Madame Figaro, а нејзината фризура, поточно – бојата на косата, привлече големо внимание во јавноста. Имено, за потребите на фотографирањето, познатиот фризер Џон Нолет креирал русокоса перика, а неговата идеја и, конечно, дело е инспирирана од филмот La dolce Vita.
Времето кое е потребно за изработка на периката е период од еден месец, а како што може да се види од фотографијата, Џон направил маестрална работа. Покрај прекрасниот црн фустан со потпис на модната куќа YANINA Couture, Моника додалаа и блескав накит од познатиот бренд Картие.



Ни се чини дека оваа италијанска убавица би можеле да ја замислиме како русокоса.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Идеја за појадок (или десерт): Леб од темно чоколадо и банана

Ви претставуваме рецепт за идеален и вкусен појадок со додаток по ваш избор Овој појадок …