(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНО – ЕВЕ ШТО НОСАТ ИСЛАМСКИТЕ ЖЕНИ ПОД БУРКА: Одговорот шокирал многумина!

Ако жената носи бурка или хиџаб, тоа мора да биде нејзина лична одлука и желба да се приближи до Алах
Правилата за облекување во исламските земји се јасни: жените ги покриваат косата, телото, а често и лицето. Во Авганистан жените не смеат слободно да се движат, па дури и да излезат од дома мора да носат бурка, што значи дека и очите им се покриени.
Доколку го прекршат талибанското владеење, овие жени нема да бидат директно казнети, туку мажите „одговорни“ за нив ќе претрпат сериозни последици, пишува npr.org

Зошто се носи бурка?
Куранот ги повикува и мажите и жените да се „покријат и да бидат понизни“. Иако никаде во Куранот не пишува дека жената мора да се покрива на овој начин, т.е. дека мора да носи бурка.


Што носат жените под бурка или хиџаб?
Се сеќавате ли на филмот „Сексот и градот“ во кој главните ликови се во Дубаи? По тој повод Кери, Саманта, Шарлот и Миранда се шокирани кога откриваат дека жените под бурка носат брендирана облека од светски познати дизајнери.
Но, реалноста е малку поинаква отколку во филмот. Имено, жените под бурка во текот на летните месеци најчесто носат само долна облека, додека во постудениот период носат и фустани.

This image has an empty alt attribute; its file name is islamski-zeni.jpg
„Бурката се носи за да се сокрие женската убавина и украсите. Ја средувам куќата, но кога излегувам ја носам бурката преку фустан или дури и фармерки и маица. Во куќата бурката е закачена на закачалка“, признала една жена на quora.com.
„Жената се облекува како што сака во време кога нема мажи околу неа. Таа се ‘покажува’ само на нејзиниот сопруг и децата. Во сите други прилики таа носи хиџаб или бурка или некоја друга традиционална муслиманска носија“, признава друга учесничка на форумот.


„Не носат сите муслиманки бурка, но хиџабот е речиси задолжителен за сите девојки и жени. Ако некој носи бурка, тој ја носи за да биде поблиску до Алах. На таа што е принудена да носи бурка, сакам Алах да и даде сила, бидејќи никој не треба да биде принуден да носи бурка или никаб. Тоа мора да биде лична одлука на тој што го носи“, наведува третата жена на споменатиот форум.

Фото: Принтскрин/npr.org/quora.com.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив… „Долг и …