ПОСЛЕДИЦИ ОД СКАНДАЛОТ – ИСФРЛЕНИ СЦЕНИ СО АМБЕР ХЕРДА ОД НОВИОТ АКВАМЕН, А СЕГА ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА: Еве што велат продуцентите за поранешната сопруга на Џони Деп!

Судската битка на Амбер Херд со Џони Деп воопшто не и помага на кариерата. Откако во 2017. година стана дел од „Лигата на правдата“, а потоа го сними хитот „Аквамен“, нејзината кариера сега стагнира.
Амбер е свесна за лошиот период во кариерата, а тоа го потврдила и во сведочењето пред судот минатата недела. Од продолжението на „Аквамен“, кое треба да излезе следната година, некои нејзини сцени се исфрлени.

This image has an empty alt attribute; its file name is amber-herd-vo-akvamen.jpg
Главната улога во Аквамен ја има Џејсон Момоа, а Амбер беше веднаш до него. Сепак, според претставниците на студиото „Ворнер Брос“ кои стојат зад филмот, тие драстично ги намалиле сцените со Амбер, а одлуката ја оправдуваат со тоа што меѓу Амбер и Џејсон нема хемија, иако тие глумат пар.



Исфрлени акциски сцени со Амбер
Исечените сцени се главно акција, а не љубовни, а целата ситуација силно ја погоди Амбер. Според Fox News, на Амбер никој не и најавил што ќе се случи, но сфатила додека го читала сценариото од продолжението.


View this post on Instagram

A post shared by Page369 (@celeb_page369)


Многумина сметаат и дека студиото само се правда со наведената причина, а за отстранување на сцените на Амбер е одговорна петицијата. Имено, против Амбер се собрани повеќе од 4,3 милиони потписи. Со оваа петиција луѓето бараат од Амбер да се исфрли од новиот „Аквамен“.


„Мажите се жртви на семејно малтретирање, исто како и жените. Ова мора да се препознае и мора да се преземат мерки за да се спречи славењето на познатиот насилник во забавната индустрија. Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Херд од ‘Аквамен 2’, пишува меѓу другото во описот на петицијата.
Петицијата беше покрената во 2019. година, но сега стана уште попопуларна поради судската парница помеѓу Амбер и Деп.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НА СЕ МИСЛЕЛА – ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА ТЕСТАМЕНТОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИАНА: Оставила ОГРОМНО БОГАТСТВО, а еве кој го наследил целиот нејзин имот!

Познатата британска принцеза Дијана овие денови ќе наполнеше 61. година да не загинеше во страшна …