Во НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово ќе се одржи првиот „Меѓународен фестивал на прозата”

На 25 и 26 мај 2022 година во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово ќе се одржи првиот „Меѓународен фестивал на прозата”. Фестивалот е во организација на институцијата со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општината на градот Куманово.

This image has an empty alt attribute; its file name is MFP.jpg
Започнуваме манифестација која се надеваме дека ќе опстои долго, манифестација по која ќе бидеме препознатливи и манифестација која ќе биде темел на збиднувањата од ваков вид.
Свеченото отварање е на 25 мај, со почеток во 20 часот, во фоајето на институцијата. Тема на првата фестивалска вечер е „Женското писмо и Балканот”, гости кои нашироко ќе дебатираат на ова тема се: Јорданка Белева, Оливера Ќорвезироска и Лејла Каламујиќ, Фросина Крушкаровска се јавува во улога на модератаор. Вечерта ќе биде збогатена со музика во изведба на Јован Цветковиќ.


This image has an empty alt attribute; its file name is MFP2.jpg
26 мај е резервиран за втората фестивалска вечер, вечер во која гостите Николина Андова Шопова, Жарко Кујунџиски, Давор Стојановски, Лира Бојку, Александар Шпатов и Фејзи Бојку ќе читаат фрагменти по сопствен избор од книжевните остварувања кои длабоко оставаат траги. Модератор на втората вечер е писателот Петар Андоновски.

This image has an empty alt attribute; its file name is MFP3.jpg
Композицијата на визуелното општење за фестивалот е дело на дизајн проф.м-р Стефан Јакимовски.
Целта на манифестацијата е да се доближи книжевната прозна продукција до читателската публика, да е запознаат со домашните и страните авторите и нивните дела, што ќе придонесе до формирање на едно критичко, субјективно мислење, ќе се потикне и формира идниот „читач”.
На настанот се очекува да присуствуваат претставници од јавниот, културниот и општественио живот на Куманово.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина писателот Душко Родев

На 30 јуни 2022 г., во Скопје, по кусо боледување, во 91-та година од животот, …