Судењето на Џони Деп и Амбер Херд трае веќе трета недела, а ужасните детали од турбулентната врска меѓу двете холивудски ѕвезди постојано се појавуваат. Сега вештакот посведочил дека Џони лаже!
Станува збор за инцидент во кој актерот тврди дека Амбер го исекла со шише вотка и дека поради тоа изгубил дел од прстот.
Џони тврди дека во март 2015. година, во напад на бес, Амбер го фрлила стакленото шише вотка кон него. Наводно, шишето го удрило во тупаница, а стаклото му отсекла дел од прстот. Амбер, пак, тврди дека повредата сам си ја нанел.
Сега сведочел хирург ортопед, специјалист за операции на раце, кој рекол дека повредите на Деп не биле предизвикани од стаклено шише. „Медицинската документација што ја прегледав не содржеше никакви информации за парчињата стакло што би останале во раната, доколку била предизвикана од удирање со шишето. Нема други поврзани повреди на раката што би ги очекувале во ваков случај“, рекол д-р Ричард Мур.
„Во мојата 25-годишна кариера стотици пати оперирав повреди како оние на Деп. Фотографиите и медицинските податоци покажуваат дека повредата не е предизвикана од удирање со стаклено шише“, рекол докторот.
Неодамна беше утврдено дека Амбер лажела за поголема сума пари, а актерката сведочела за уште еден ужасен инцидент со шишето – таа тврди дека Џони Деп ја силувал со шише во напад на бес.
Фото: Принтскрин/Колаж/YouTube