Церемонија за отворање на летната сезона во Будва

Плоштадот пред Стариот град Будва на 3 и 4 јуни ќе блесне со гламур и убавина, а сите оние кои ќе одлучат овој викенд да го поминат во Будва ги очекува спектакл на каков што одамна не присуствувале. Нов настан во календарот за манифестациии на Туристичката организација на Општина Будва – свечената „Церемонија за отворање на сезоната” за 2022 година!

This image has an empty alt attribute; its file name is Будва-стар-град.jpg


За музичкото уживање во текот на овие две вечери ќе бидат задолжени врвни регионални и европски уметници: Tom Odell, маестро Бојан Судиќ со фестивалскиот оркестар „Виртуози” и солистите: Софија Петровиќ, Маја Богдановиќ, Дејан Јовановиќ и Ремус Алазаро, како и Невена Божовиќ, Мина Крајиновиќ, Sky Cellos, Tomisha Monae Кузмиќ, оперската пејачка Марија Нешиќ, DJ Roger Sanchez, оперскиот рок пејач Матија Заната и многу други, а гостите ќе имаат можност, по своја желба, да уживаат во сјајната сценско-музичка програма во спој со врвната гастрономија.

This image has an empty alt attribute; its file name is Fort_Mogren_Budva_Montenegro_15.jpg


Туристичката организација на Општина Будва по прв пат ја организира свечената „Церемонија за отворање на сезоната” во соработка со Општина Будва и корпорацијата Skymusic, со цел да привлече го привлече вниманието на јавноста, да го зголеми туристичкиот сообраќај на будванската ривиера и во периодот на претсезоната да направи случување со силен промотивен ефект, кое ќе стане едно од најатрактивните во календарот за манифестации на Будва, но и на цела Црна Гора.

This image has an empty alt attribute; its file name is budva.jpg


Будва со години ја препознаваме како престолнина на уживањето и ноќниот живот, а престижната програма оваа година сигурно само ќе придонесе за тоа да остане во самиот врв на најпосакувани дестинации за летување.

Бидете дел од еден неповторлив настан „Церемонија за отворање на сезоната” – Будва, лето 2022!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …