(ФОТО) ШТО И ТРЕБАЛО ОВА? КАКО ПРИРОДНАТА УБАВИЦА СЕ ИЗОБЛИЧИЛА СО ПОСТАПКИ: Лекарите велат дека може да умре на операционата маса!

Кејти Прајс пред операциите беше природна убавица, додека поради нив денес и се распаѓа телото!
Британската старлета Кејти Прајс се прослави со учество во реални шоуа, а како што стана позната стана „зависна“ од пластични операции. Кејти порано беше природна убавица, а денес е тешко да се набројат сите операции кои ги правела.
Таа неодамна била на ремонт на градите, кои дополнително ги зголемила, а изгледа дека Кејти никогаш не изгледала полошо.
Нема сомнеж дека бројните интервенции оставиле големи последици на нејзиното лице, но и на телото, па денес не е ни како убавицата што беше.
Кејти оди по нож буквално на секои два месеци и отишла дотаму што го променила својот личен опис. Естетските зафати ја одведоа Кејти во патологија, но и огромни долгови, а од нејзината природна убавина не остана ни трага.

This image has an empty alt attribute; its file name is kejti-prajs-1.jpg


Таа се прослави во 1996. година, кога се појави во таблоидите и ги красеше списанијата како „Плејбој“, а во тоа време сè уште ја немаше откриено магијата на пластичната хирургија.
Таа со двојни страници во машки списанија премина во реални шоуа, а во едно од нив го запозна музичарот Питер Андреа, за кого подоцна се омажи.
Парот стапна на луд камен во 2005. година, па започна заедничко реално шоу во кое на јавноста и ја претстави најголемиот дел од својата интимност – љубов, кавги, раѓање деца, загуба на бебе, но и развод кој следеше по четири години брак.
Оттогаш, Кејти започна турбулентен период во животот во кој ги менуваше партнерите како чорапи – се омажи и се разведе уште два пати. Таа има вкупно пет деца од три брака.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Идеја за појадок (или десерт): Леб од темно чоколадо и банана

Ви претставуваме рецепт за идеален и вкусен појадок со додаток по ваш избор Овој појадок …