Лони Вилсон (39) порано беше успешна манекенка и сопруга на ѕвездата од „Чуварот на плажата“, Џереми Џексон, но од 2016. година живее како бездомничка.
На улиците на Лос Анџелес често ја снимаат папараците како претура по ѓубре, а на нејзините најнови фотографии многумина забележале скап детаљ.
Станува збор за паметен часовник на Apple, кој Лори го носела на рака, иако во исто време била без чевли и туркала количка со отпад.
Со текот на времето, поранешната манекенка станала непрепознатлива и повеќе не е ниту сенка на убавицата која некогаш пртедизвикуваше воздишки од насловните страници на списанијата.
Инаку, Лони до 2016. година работела како асистент во центарот за пластична хирургија во Лос Анџелес, а потоа доживеала нервен слом и добила отказ, а потоа го изгубила домот.
Поранешната девојка на Џереми Џексон, Синди Ковакс, за британските таблоиди коментирала дека актерот одбил да и помогне на поранешната сопруга откако се развеле во 2014 година.
„Ми се згади од неговата реакција. Нему едноставно не му беше грижа“, рекла таа.
Вилсон секако истакнала дека не сака помош од поранешниот сопруг, ниту од некој друг.
„Можам да живеам сама. Имам се што ми треба. Немам мобилен телефон и никој не може да ме добие, но имам храна и имам каде да спијам”, рекла таа во една прилика.
Лони во минатото извесен период работела и како фитнес инструкторка, а ги красела насловните страници на некои списанија, но се тргнало наопаку поради нејзините психички проблеми.
Извор:dnevnik.hr