Крис Прат повторно стана татко, а веста ја соопшти со емотивна објава.
Крис Прат и неговата сопруга, ќерката на познатиот актер Арнолд Шварценегер – Кетрин, станаа родители по втор пат. На крис Прат ова му е трето дете, додека на Кетрин и е второ, а актерот открил дека имаат уште една ќерка.
„Ние сме толку возбудени затоа што се роди нашата втора ќерка Елоиз Кристина Шварценегер Прат“, започнал Крис, додавајќи:
„Мајката и бебето се одлични. Ние сме повеќе од благословени и благодарни. Со љубов Кетрин и Крис”.
View this post on Instagram
Сепак, и’ покрај добрите вести, над радосната објава се надвисна темен облак, бидејќи ги имало и оние кои не му посакаа „се најдобро“ на актерот. Имено, добар дел од придружниците се уште не му ја простиле неговата срамна изјава против поранешната сопруга и болниот син.
Да потсетиме, Прат во еден момент и се заблагодари на својата сопруга Кетрин што родила „здраво дете“, а оваа изјава многумина ја протолкуваа како јавно посрамување на Ана Фарис со која некогаш бил во врска и која родила син кој има големи здравствени проблеми.
View this post on Instagram
„Синот на Крис Прат и Ана Фарис е роден со церебрално крварење кое оставило неизбришливи последици по неговото здравје и подвижност. Но, многу е важно што сега се пофали дека конечно добил здраво дете. Крис Прат е обично ѓубре”, е само еден од коментарите кои тогаш можеа да се прочитаат под спорната фотографија, а критиките само пристигнуваа.