Театарот „Златен елец“ на мини турнеја со претставата „Грета“

Театар „Златен Елец“ од Скопје гостува со претставата „Грета“ на 25 мај (среда ) со почеток во 20ч. во НУ Народен театар Битола, а на 26 мај (четврток) со почеток во 20ч. во Народен театар Штип.
Претставата е работена според текстови на Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете, режисерка е Тамара Стојаноска, а играат Димитрина Мицкоска и Ане Блажовски. Музиката е на Лука Тошев, вокал Дина Јашари. Дизајнер на плакат, маски и потрети е Бојана Цилевска, изработка на сценографија Слободан Петрушевски, а продуцент на претставата е актерот Бобан Алексоски.

This image has an empty alt attribute; its file name is pretstava-greta.jpg
Со „Грета“ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комични ситуации ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати.


„Пробата треба да носи радост. Зашто за пробата се одделува половината од секој ден во тек на целиот живот. И, по напорните проби, ако излезе дури и добра претстава – тоа не ќе ги покрие загубите.“ А. Ефрос.
Резервации на билети во Битола на тел. 047 55 22 44 или на билетарницата на НУ Народен театар Битола, а во Штип на 070 933 002 или на билетарницата на Народен театар Штип.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина писателот Душко Родев

На 30 јуни 2022 г., во Скопје, по кусо боледување, во 91-та година од животот, …