(ВИДЕО) Сите нервни сломови на младата холивудска ѕвезда сега и пред камера: Давел обожавателка, малтретирал полицајци…

Езра Милер, ѕвездата на „Fantastic Beasts and Where to Find Them”, „Justice League” и “The Perks of Being a Wallflower“, беше уапсен во март оваа година, на Хаваите, бидејќи предизвикал немири во еден клуб.
Тоа беше последното во низата злосторства што актерот, кога наскоро треба да го видиме во продукцијата на DC на „The Flash“, го изврши на Големиот Остров – упадна во куќи на луѓе, спални, фрлаше мебел по нив …
Според полицискиот извештај, кој се појавил на интернет, актерот малтретирал гости во караоке бар, извикувал пцовки и особено бил вознемирен кога една жена почнала да пее (наводно ја изведувала песната на Лејди Гага и Бредли Купер од филмот „Ѕвездата е роденаа”). Тој го грабнал микрофонот од жената која пеела, ја избркал од бината, а потоа се нафрлил на човекот кој играл пикадо.
Сопственикот на локалот неколку пати го замолил Милер да се смири, што тој не го направил, за на крајот да дојде полиција и да го уапси. Нему му била одредена кауција од 500. долари, која ја платил и бил ослободен. Тоа е се што знаевме и во март годинава, но сега се појави видео од неговото апсење.

loading...

Видеото го сподели TMZ на почетокот на неделата, на кое се гледа и слуша разговорот на Езра со полицијата.
Кога полицаецот му се обратил со „господине“, Езра го поправил велејќи: „Извинете, јас не сум господин. Јас сум трансродова личност, небинарна. Ве молам не ме нарекувајте господине“.
Кога полицаецот му рекол дека само се обидува да му се обрати со почит, Милер рекол дека треба да му се обраќаат во неодреден род, да му се обраќаат со „тие“.
Актерот правел проблеми додека над него бил вршен претрес, не дозволувал да го претресе маж, ги молел да не го допираат, барал од полицијата да му ги покаже нивните легитимации, се повикал на амандманите. И’ кога конечно беше уапсен, како да имал нервен слом. Тој побарал од полицијата да му ги симне лисиците, пренесува „Харперс базар“.
„Ве молам, тргнете ми ги лисиците, да не ми се оштетат нервите. Јас сум музичар, нервите во моите раце се важни. Ве молам, не ги повредувајте, ве молам”, за малку ќе заплачел Езра.

Пред тоа, актерот неколку пати насилно се однесувал во јавноста. На едно видео се гледа како тој дави жена во бар на Исланд, а чудна е и снимката со обожавателка која исто така ја давел.
ПР тимот на актерот стандардно не се огласува по повод „насилните епизоди“ кои актерот ги правел во јавноста, но ниту компанијата DC зад реализацијата на „The Flesh“ и „Justice League“ во кои игра Езра.
Причината за неговото агресивно однесување апсолутно не е јасна, освен што речиси секој пат се наведува дека „епизодата“ се случила во алкохолизирана состојба.
Инаку, Милер се декларирал како припадник на ЛГБТ популацијата во 2012. година, а во интервјуто што го дал за „Холивуд репортер“ во 2018. година, на прашањето што значи за него квир го дал следниот одговор:
„Квир едноставно значи не, не, јас не го правам тоа. Не се идентификувам како маж, не се идентификувам како жена. Едвај се идентификувам како човечко суштество“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ако сакате да ве следат среќа и здравје, утре јадете го ова овошје: Обичај на Крстовден што мора да го испочитувате!

Оној што е крстен со крст пости на Крстовден“ Крстовден е голем празник што Македонската …