(ВИДЕО) Давидовски испиша историја, прв Македонец со победа во ТЦР Европа

Автомобилистот Виктор Давидовски успеа да испише историја и стана првиот Македонец со победа во престижниот шампионат ТЦР Европа.
Давидовски тргна прв на трката за Големата награда на Франција и успеа да ја одбрани со одлично возење. На првата трка тој заврши како шести, а на вчерашната ги изненади ривалите и ја освои првата позиција.

Нашиот возач заврши пред Гаврилов и Ориола кои беа на второто, односно третото место на патеката Пол Рикар. За Давидовски ова беше прва победа во кариерата.


This image has an empty alt attribute; its file name is viktor-davidovski-1-jpg.jpg

„Многу сум среќен. Ова ми е прва победа во кариерата и затоа сум многу среќен. Имав многу добар почеток и по првиот круг направив добра разлика, па потоа бев малку порелаксиран и можев да се фокусирам на трката. Имав малку трема, но се фокусирав на темпото и како резултат на тоа можев да дадам сè од себе за да победам!“ – изјави Давидовски по вчерашната трка.


This image has an empty alt attribute; its file name is viktor-davidovski-jpg.jpg

Вредно е да напоменеме дека Comtoyou Racing тимот, кој го сочинуваат Виктор Давидовски, Франко Џиролами и Том Коронел, со 263 бодови во моментов е прв на листата.
Следен гран при викенд од ТЦР Европа ќе се одржи во Белгија, што ќе се вози на патеката Спа Франкоршамп на 18 и 19 јуни.


Извор: kanal5.com.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Забрзувањето на Ѓоковиќ за четирифинале на Вимблдон!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четирифиналето на Вимблдон откако во мечот од четвртото …