(ФОТО) Елизабет Харли споделила разголена фотографија: „Ова е сигурно пред операциите“

На својот Инстаграм профил, британската актерка сподели слика од младоста, откривајќи дека Марио Тестино ја фотографирал за британскиот „Вог“ пред повеќе од 20. години.
Покрај сликата на која позира во долна облека и маица со прерамки, Елизабет Харли едноставно напишала: „Па здраво“… Следеле многу пофалби за нејзиниот изглед, но имало и такви кои напишале дека оваа слика потврдува дека имала операција на градите.

„Ова е пред операцијата на градите“, „Не би рекол дека е стара фотографија, освен деколтето“, коментирале следбениците.



Во секој случај, оваа актерка изгледа феноменално и тогаш и сега, а постојано истакнува дека се труди да ги одржува телото и духот во форма: „Навистина мислам дека одвојувањето време за грижа за вашето здравје е една од најважните работи која ние жените можеме да ги направиме“, изјавила таа за магазинот Hello.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Почина популарниот јутјубер Technoblade. Имаше 23 години!

Почина Technoblade, Јутјубер кој имаше 11. милиони претплатници на својот канал благодарение на видеата на …