(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ денеска го слави својот 35. роденден: „Три плус пет е осум, а осум е број кој ја симболизира и означува вечноста“

„Секогаш имам највисоки амбиции во овој спорт, особено кога играм на најголемите турнири“, изјави српскиот ас.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска, недела, 22 мај, го прославува својот 35. роденден во Париз каде се подготвува за стартот на Ролан Гарос.

This image has an empty alt attribute; its file name is novak-vo-belgrad.jpeg
„Три плус пет е осум, а осум е број кој ја симболизира и означува вечноста. Така чувствувам дека можам да играм тенис засекогаш“, изјавил Ноле во интервју за „Вечерње новости“.
Најдобриот светски тенисер изјавил дека чувствува дека се е можно и дека би сакал да биде на првата позиција се додека игра тенис.
„Секогаш имам највисоки амбиции во овој спорт, особено кога играм на најголемите турнири. Ваквите турнири ми се приоритет. Всушност, не знам ништо поинаку. Секогаш се подготвувам за победа, не сум се подготвувал за игра“, изјавил Новак.


На прашањето кои три предмети би ги издвоил како најважни во животот, Новак одговорил дека љубовта е на прво место.
„Љубовта е на прво место. Таа е највисоката можна вредност, доблест, чувство. На второ место се мирот, хармонијата и складот. Третата најважна ставка би била простувањето“, рекол Ноле.
На прашањето зошто не го вбројува здравјето меѓу најважните работи во животот, Ноле одговорил: „Кога си заљубен, тогаш си здрав. Така гледам на тоа. Недостатокот на љубов предизвикува и болест“.


Во духот на симболиката на бројките, Новак прокоментирал дека ја „брка“ 1.001 професионална победа во Париз.
„За бројот 1.001 во нумерологијата велат дека е бројот што ве поврзува со ангелите чувари. Тие се таму. Го чувствувам нивното присуство и ги молам да ме поддржат во Париз“, рекол Ноле.


Некои од достигнувањата на Новак Ѓоковиќ:
Најмногу недели на врвот на АТП листата;
Најмногу поени во еден момент на АТП листата (16.950);
Годината ја заврши седум пати прв (рекорд);
Освоени сите Мастерс турнири (Златен Мастерс), два пати (единствен);
38 Мастерс титули (најмногу);
Во еден момент тој беше сопственик на сите четири Грен слемови;
Го освои Австралија Опен девет пати (рекорд);
20 Грен слем титула;
Тој има освоено секој Грен слем најмалку двапати;
И многу, многу други достигнувања како што се наградите Лауреус, рекордот по бројот на последователни победи …

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Забрзувањето на Ѓоковиќ за четирифинале на Вимблдон!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четирифиналето на Вимблдон откако во мечот од четвртото …