(ФОТО) Ова момче не се шегува: Пол позицијата во Барселона за Леклер!

Во саботата на програмата беа квалификациите за шестата сезонска трка во Формула 1 шампионатот, а во недела прв на патеката „Каталонија“ ќе стартува Шарл Леклер од Ферари во трката за Големата награда на Шпанија. Тоа ќе биде неговиот прв пол на оваа патека.
Во фантастичната атмосфера во Барселона пред „морето“ гледачи, возачот од Монако беше побрз од шампионот Макс Ферстапен и неговиот тимски колега Карлос Саинс Јуниор.


Возачите кои беа елиминирани во Q1 беа Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо, Ленс Строл, Александар Албон и Николас Латифи. Имаат одлично темпо во Q1, одлично темпо држеа од Ферари, а многу фанови беа разочарани од неуспехот на поранешниот шампион, 40-годишниот Алонсо.
По Q2, стана јасно дека Естебан Окон, Јуки Кунода, Пјер Гасли и Гуанџу Џоу нема да ги продолжат квалификациите. За прв пат во кариерата во Q3 се пласираше Мик Шумахер, синот на легендарниот шампион Михаел. Овој млад возач на Хас беше на 11. место, но тогаш кругот на Ландо Норис беше поништен.
Во генералниот пласман во конкуренција на возачи прв моментално е Шарл Леклер од Ферари со 104 бодови, втор е шампионот Макс Ферстапен од Ред Бул со 85, а трет тимскиот колега на Ферстапен Серхио Перез со 66 бодови.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Меси и соиграчите направиле лудило во соблекувалната по победата против Мексико

Фудбалерите на Аргентина веќе во првото коло на Светското првенство во Катар ги разочараа своите …