ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!

Под слоганот „Години будни”, организацијата Tiiiit.Inc. оваа година го најави 10-тото издание на единствениот феминистички фестивал во нашата земја, ПРВО ПА ЖЕНСКО.
Оваа година, освен што фестивалот го отсликува десетгодишното активно дејствување во културата и активизмот, исто така гради и паралела и со феминистичкото и женско движење на овие простори години наназад. ПРВО ПА ЖЕНСКО потсетува на истрајноста на феминистичкото движење и ја потврдува неговата феминистичка визија за слобода и трансформирачка моќ за оние на маргините.

Јубилејното издание е поделено на два дела: пролетно будење кое во фокус го става хуморот и сатирата и есенската програмата е исполнета со богата визуелна програма за сечии будни очи.


По успешниот настан ПичПрич одржан на 13-ти Мај во Македонската филхармонија, најавени се повеќе настани, меѓу кои: прво феминистичко стен-ап шоу со Софија Ристевска, Ангела Стојановска и Борис Геј, работилница за деца со Селма Селман, театарски перформанс на Оља Грубиќ како и настан во рамки на Скопски викенд на гордоста.

Целосната програма и настанот можете да ги најдете на овој ЛИНК.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина писателот Душко Родев

На 30 јуни 2022 г., во Скопје, по кусо боледување, во 91-та година од животот, …