(ВИДЕО+ФОТО) РОЛАН ГАРОС – Ѓоковиќ се поздравил со Надал, па тренирал со Алкарас!

Вториот Грен слем турнир, Ролан Гарос, почнува во недела (22.мај) а на централниот терен „Филип Шатрие“ се случуваат интересни средби, особено пред тренинзите…
Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас тренирале заедно пред почетокот на Ролан Гарос.
Ова не е првпат Ѓоковиќ и Алкарас да тренираат заедно.
Тие на Ролан Гарос можат да се сретнат најрано во полуфиналето. Српскиот тенисер во првото коло игра против Нишиока, додека Алкарас чека квалификант.
Да потсетиме, Новак и Карлос се сретнаа неодамна во полуфиналето на Мадрид, а победата во три драматични сета ја однесе Шпанецот.


Пред тренингот Ѓоковиќ имал средба и поздрав со Рафаел Надал.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАДАЛ НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ? Поранешната шампионка на Вимблдон прогнозира дека Новак Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули!

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли верува дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши трката GOAT пред …