Четири реченици што никогаш не треба да му ги кажете на ПАРТНЕРОТ: Тие можат да ви ги уништат врската или бракот!

Не дозволувајте да ве обземат гневот и бесот…
Во секоја врска или брак, расправиите се чести и вообичаени. Сосема е природно што не можеме секогаш да се договориме за се со нашата сакана личност. Но, и во моменти на расправија, потребно е да се задржи присебноста и да не се кажуваат тешки зборови кои подоцна не можеме да ги избришеме и кои оставаат лоша енергија. Кои реченици треба да ги избегнуваме?

1. „Ако навистина мислиш така, можеби треба да се разведеме/раскинеме!“
Оваа реченица е манипулативна фраза и заплашување на партнерот. Некои статистики и истражувања покажаа дека паровите кои често користат такви реченици во кавги, на крајот навистина се разделуваат. Наместо да се заканувате со раскинување или развод, обидете се да не судите, туку да ја разберете саканата личност. Ако често ја повторувате оваа фраза, може да оставите впечаток дека навистина сакате да си одите или дека ви треба само некој повод!


2. “Те мразам!”
Многу токсична реченица која може само да ја уништи вашата врска. Тоа е производ на гнев, беспомошност и желба да се преземе водечката улога во дебатата. Но, ако навистина сакате да изградите стабилна врска со некого, мора да избегнувате такви остри зборови!

This image has an empty alt attribute; its file name is kavga.jpeg


3. “Не сакам да зборувам за тоа!”
Избегнувањето разговор и потиснувањето на проблемите е најлошата опција во секоја ситуација. Ако само таложите работи во себе што не ви се допаѓаат, во одреден момент ќе експлодирате и нема да има враќање назад. Разговорот и размената на мислења се клучни работи во секоја врска, а за вашето ментално здравје подобро е да зборувате за се што ве мачи и не ви дава мир.

4. “Ти си ист како татко ти/мајка ти!”
Никој не сака да слуша такви фрази. Споредбите од овој вид, кои имаат за цел да го навредат вашиот партнер, но и неговите родители, сигурно нема да ви го решат проблемот, само ќе изградите лош однос со неговото семејство. Секоја личност е приказна за себе, а со постојано повторување на оваа фраза ќе ја оддалечите вашата сакана личност од себе.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали има идеална разлика во годините меѓу романтичните партнери? Еве што велат новите истражувања

Ако воопшто можеме да планираме љубов, ова би можело да биде идеалната разлика во годините …