(ФОТО) ТЕШКО БОЛНА: Конечно се знае ВИСТИНСКАТА ДИЈАГНОЗА на најтажната принцеза! Едно не е јасно!

Светските медиуми пишуваат дека Шарлин од Монако има епилепсија. Првиот напад го имала минатото лето, кога започнале нејзините семејни проблеми.
По една година погодување зошто принцезата Шарлин половина од тоа време била отсутна од дворот, многумина се убедени дека вистинската причина е откриена. Според магазинот You, сопругата на принцот Алберт, со кој ги има седумгодишните близнаци Жак и Габриел, боледува од епилепсија. Авторот на написот не наведува точно за кој вид станува збор, но според досегашните симптоми ситуацијата е многу сериозна.
Шарлин досега имала неколку епилептични напади, од кои некои завршиле со несвестица.


Извор за You потврдил дека и била дијагностицирана епилепсија минатото лето, додека била во родната Јужна Африка, каде што имала операција на синусите. Очигледно е дека и било многу стресно бидејќи неколку недели подоцна ненадејно се онесвестила, па итно била префрлена во болницата во градот Дурбан, каде и била прегледана и и’ била поставена дијагнозата.

This image has an empty alt attribute; its file name is princezata-sarlin-vo-javnost.jpg


„После таа операција, принцезата мораше строго да мирува. Но, таа не го послуша лекарскиот совет и доби тешка инфекција придружена со висока температура. И тоа беше поттик за епилептичен напад”, изјавило блиско лице на принцезата, кое потврдило дека принцезата била многу исплашена од сè.
Таа наводно тешко се помирува со фактот дека ќе мора да зема терапија до крајот на животот за да ја држи болеста под контрола. Уште кога била откриена болната тајна на принцезата, медиумите се прашуваат зошто дворот молчел за тоа и оставил да се помисли дека принцезата имала нервен слом бидејќи не може да се справи со љубовните врски на Алберт.


Некои претпоставуваат дека принцезата е таа која не сака јавно да се зборува за нејзината болест. А колку страдала поради се’ се виде на почетокот на март, кога за прв пат се појави во јавноста по враќањето кај семејството. И покрај тоа што се обидуваше да биде насмеана, сите забележале дека таа изгледа поиспиено и поуморно од кога било досега.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …