(ВИДЕО+ФОТО) „Замајување или прикривање“ – МРТ конечно се огласи (колку да се каже): Информација по повод скандалот со нашата претставничка на „Песна за Евровизија“-Торино 2022.

Денес е 19. мај а МРТ се огласи со записник од 185. седница на Програмскиот совет одржана на 11.мај…
Се чини дека скандалот со Евросонг, како што навестивме ќе биде фрлен „под тепих“ како ништо да не се случило бидејќи скоро една недела по враќањето на нашата делегација од Торино сеуште нема конкретна информација за преземни мерки од страна на МРТ.
Како што вчера наведовма во кулоарите на МРТ се шушка дека Мери Поповска си поднела оставка од местото шеф на делегација и оттогаш молк…
Подолу ви пренесуваме заклучот по точка 2 – Информација по повод скандалот со нашата претставничка на „Песна за Евровизија“-Торино 2022. од седницата на Програмскиот совет на МРТ одржана на 11.05.2022.

This image has an empty alt attribute; its file name is andrea-na-otvoranjeto.jpg
„По однос на оваа точка Директорот на МТВ Захарија Вулгаракис достави Информација во која меѓудругото се вели дека во врска со овогодинешниот „Избор на песна за Евровизија“, Македонската Телевизија сака да го извести Советот за преземените чекори по однос на актуелните случувања коишто предизвикаа реакции во јавноста.
Откако нашата претставничка на „Евровизија“, Андреа Коевска, за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“ го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих, со образложение дека тоа од неа го побарале организаторите, следуваа лавина реакции во медиумите дека со тој чин, таа покажала непочитување кон државните симболи и го загрозила угледот на државата. Јавниот сервис уште истата вечер се огласи со Соопштение до јавноста за случајот, во коешто се изрази осуда за однесувањето на Коевска, од неа беше побарано образложение и извинување за скандалозниот потег и беше најавено дека ќе се разгледа можноста за повлекување на нашата претставничка и на целата делегација, но, притоа ќе се води сметка да не се направи поголема штета по Јавниот сервис. Исто така, во Соопштението беше наведено дека за одговорните од македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање.
Од шефицата на делегацијата, Мери Попова беше побарано објаснување за настанот. Таа одговори дека сè се случило за многу брзо време, протоколите и организацијата налагале фотографирањата да траат по 30 секунди, а другиот дел од делегацијата во тој момент бил на сосема спротивна страна, зад камерите за да не го попречува преносот. Првиот програмски сервис не го преземаше преносот.
Програмскиот колегиум на МРТ1, на состанокот одржан на 10.05.2022 година (Записник бр.14-3188/1) ја разгледа ситуацијата. На состанокот беа разменети мислења,а Колегиумот беше информиран за последиците во случај на откажување од наше понатамошно учество на „Изборот за песна на Евровизија“, при што, беше оценето дека таквиот чекор би предизвикал голема финансиска штета и други административни проблеми. Имено, покрај финансиските санкции кои не се за занемарување, со откажувањето би се загрозиле и сите други настани коишто ги добиваме од Европската радиодифузна унија.
Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот Евровизија што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската радио телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија.
Се очекува по враќањето на нашата делегација од Торино, целосно да се расветли случајот.
Членот Ристе Панов зема збор и кажа дека Програмскиот совет нема надлежност директно да ја отповика Македонската делегација од фестивалот и да донесе одлука за забрана на настап, бидејќи во Правилникот за избор на претставник за избор на песна на Евровизија дефинира дека носител на проектот се Директорот на МРТ, Првиот програмски сервис МТВ 1 и работнагрупа избрана од колегиумот.


This image has an empty alt attribute; its file name is andrea-zname.jpg

Ристе укажа пред присутните во кои случаи согласно правилникот може да дојде до промена на
претставникот на Евровизија, и дека истото мора да е во договор со авторскиот тим.
На крај беше прецизирано дека ваквиот случај сголасно сите правни акти не е во надлежност на Програмскиот совет на МРТ директно да донесува одлука за повлекување на изведувачот и тимот кој не претставува на Евровизија, но Програмскиот совет согласно своите надлежности ги следи реакциите на јавноста и преземените мерки од надлежните органи во МРТ.
Програмскиот совет на МРТ исто така укажува на тоа дека во понатамошните избори на песна и претставник за Евровизија активно ќе се вклучи за донесување на нов Правилник за избор на песна и претставник, кој ќе се базира на предлозите на јавноста за нчинот и правилата на избор и кој ќе биде во рамките и правилата на ЕБУ.
Ивана Трајковска со прашање колкави се финансиските реперкусии кон МРТ, и дали во случајов се дава предност на финансиите а не на интегритетот на МРТ и пред се начинот на кој е презентирана нашата држава на Евровизија во Торино,и се сложувам дека има низа пропусти кои се случија во Торино за кои мора да разговараме кога ќе се вратат од тимот, и на крај ме интересира кој ќе бидат соодветните казни што ги најави МРТ кон делегацијата на МТВ која беше во Торино.
Претседателката на Програмскиот Совет на МРТ Смилка Јанеска Саркањац истакна дека се сложува дека делегацијата на МТВ мора да биде цело време до претствникот на Македонија за да му овозможи во секој момент најдобро да ја претстави својата држава, но не се сложувам со тоа дека треба да се престане со учество на Евровизија од наредна година, бидејќи ако не е спремна делегацијата да се носи со таков предизвик треба истата да биде заменета со нова.Секако дека треба секоја прилика МРТ да ја користи за промоција на Македонија, макар тоа да биде и Евровизија, меѓутоа тоа треба добро да се одработи и на крај МРТ има 700 вработени и од нив секако може да се најдат 5 квалитетни луѓе кои знаат тоа да го направат на ниво.
Снежана Клинчарова посочи дека не треба да се насочува целата вина за настанот само кон делегацијата на МТВ бидејќи на фотографирањето убаво се гледа дека од делегацијата на МТВ немаа пристап до самото место и дека стојат на 70-80 метра од претставникот, и не знам што би можеле тука да преземат во конкретниот случај членовите на делегацијата.Еве на пример да претпоставиме, во нејзините раце да го имаше нејзиниот мобилен телефон наместо знамето на Македонија, дали истото ќе се случеше?“


Да потсетиме јавноста остана згрозена од постапката на Андреа која на земја го фрли македонското знаме за да се фотографира. Од видеото може да се види дека членовите на нашата делегација не биле на другата страна туку само на неколку метри од неа. А, и самата Андреа можела да повика некого за да му го даде знаменцето а не да го фрла.
Претставувањето на Андреа почнува од 55:40 минута во видеото.


Извор: mrt.com.mk

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Идеја за појадок (или десерт): Леб од темно чоколадо и банана

Ви претставуваме рецепт за идеален и вкусен појадок со додаток по ваш избор Овој појадок …