(ФОТО) КОНЕЧНО НАЈУБАВАТА ВЕСТ: Детскиот фестивал „Поточиња 2022“ на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија

Многу нешта ги радуваат децата, прегратки, шеги, игри, забава, другарување, но танцувањето и пеењето им се можеби омилените. На прагот од летото, детските желби ќе станат реалност, – „Поточиња 2022“” и официјално ќе се одржи на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија, – најубавата вест за сите дечиња.

Новото претстојно издание на „Поточиња 2022“, како еден од најпознатите детски музички фестивали, е време за повторно дружење на големата сцена. По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на „Поточиња 2022“ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред несомнено полна сала.
„Најмили другарчиња, конечно дојде денот повторно да се дружиме на големата сцена. После три години без никакви ограничувања и рестрикции ПОТОЧИЊА повторно во сиот свој сјај ќе протечат и ќе разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред полна сала.
За прв пат во прекрасната Филхармонија и за прв пат наместо да ја пречекаме, ќе ја испратиме пролетта со песна. Премногу сме возбудени и со нетрпение Ве очекуваме, затоа што мина се, а ние сме повторно тука само за Вас. Ви ветуваме голема забава и вистински детски спектакл!“, велат од организацијата на „Поточиња“.


Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот. Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн.
За првпат во Македонската филхармонија и за првпат наместо да се пречека, детските песни ќе ја испратат пролетта со песна. Организаторите најавуваат голема забава и вистински детски спектакл. Најубавата вест конечно пристигна.


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познатиот композитор е целосно уништен: „Скршен сум, не напушти пред неколку часа“

Еден од најпознатите британски композитори, Ендрју Лојд Вебер, објави дека неговиот најстар син Николас починал …