„Тивкиот секс“ е најдобар, а еве кога е вистинското време за тоа

Во ситуација кога куќата е полна со луѓе, вашиот сексуален живот може да страда, особено ако не сте доволно храбри и вешти да ги препуштите страстите во некое скриено ќоше…
Но, постојат и други начини освен гласно воздивнување да му покажете на партнерот колку уживате во тоа. Користете ги овие неколку трикови за да го зачините вашиот сексуален живот без да му дозволите да каже ниту збор.

Без брзање
Доколку се наоѓате во куќа полна со гости и роднини, ве советуваме да не брзате, или да заборавите на брзиот секс овој пат, бидејќи големи се шансите нешто да срушите или прегласно да ја треснате вратата и да го привлечете вниманието на семејството. Наместо тоа, договорете се за местото и времето на состанокот (спална соба или бања) и изберете поза во која нема премногу акција. Лотус или положба на лажица се идеални за тивок секс.


Ништо кревет
И’ најдобрите кревети крцкаат кога некој ќе им се препушти на страстите. Затоа, заборавете на креветот и преместете се на подот или приближете се до ѕидот, доколку сакате да водите љубов во стоечка положба. Снајдете се и импровизирајте.

Покријте ја устата
Доколку сакате дополнително да го зачините сексот, покријте ја устата со дланка или уште подобро – замолчете го партнерот со бакнеж. Комуницирајте со вашите очи. Погледот нека му даде до знаење колку е добро тоа што го прави. Покрај тоа што ќе се замолчите еден со друг за да бидете сигурни дека никој не ве слуша, ова може да се претвори во жешка игра, па дури и да преземе елементи на доминација (се разбира ако и двајцата се согласувате).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …