Во сон често ви доаѓа ЕДНО ИСТО ЛИЦЕ? Има ЧЕТИРИ ПРИЧИНИ зошто ви се случува ова

Погледнете зошто ви се случува ова
Многу луѓе во одреден момент од животот сонуваат една одредена личност. Ако ова ви се случило, погледнете ги можните причини за тоа.

1. Личноста има големо влијание врз вас или вашиот живот
Можно е некој кој значително влијае на вас и на вашите одлуки често да доаѓа во вашите соништа. Дури и ако одредена личност не ја сметате за важна, можеби вашата потсвест размислува поинаку, па токму тоа ви го кажува преку соништата.


2. Имате нестабилен однос со некого
Нерешените, недефинирани или нестабилни врски можат да ја оптоварат нашата свест и потсвест – без разлика дали се работи за емотивен партнер, деловен соработник или пријател. Нерешените ситуации и врски кои не оптоваруваат може да се одразат преку соништата, дури и кога не сме свесни за некои проблеми. Ако имате токму таква врска со одредена личност, таа може почесто да се појавува во вашите соништа.

3. Сте се однесувале лошо кон одредена личност
Понекогаш, без размислување, можеме да се однесуваме со некого ладно, грубо, неправедно или сурово. Кога знаеме дека не сме испаднале фер во некоја ситуација, тоа може да остане длабоко врежано во нас и да нè потсетува преку соништата за нашите неправедни постапки.


4. Подготвени сте да простите
Има и обратни ситуации – некој лошо се однесувал со вас или ве повредил. Ако оваа личност дојде во вашите соништа, тоа може да биде показател дека сте подготвени да и простите и да продолжите понатаму.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …