Еден витамин може да помогне во спречување на артритис или намалување на потешките симптоми

Она што е сигурно е дека ниту една промена на животниот стил не може да гарантира дека нема да добиете артритис, но постојат некои навики кои би можеле да помогнат да се намали ризикот од потешки симптоми на болеста.
Некои од овие навики се поврзани со исхраната, а новите студии тврдат дека суплементацијата на витамин Е може да помогне во спречување и лекување на ревматоиден артритис (РА).
Во една студија објавена кон крајот на април оваа година во European Journal of Clinical Nutrition, истражувачите од болницата Xi’an Honghui во Шанкси, Кина, ги разгледале информациите од голем број извори за тоа како суплементацијата со овој витамин влијае на исходите поврзани со болеста.
Голема мета-анализа покажала дека додатоците на витамин Е имаат позитивен ефект врз луѓето со ревматоиден артритис, ублажувајќи ја чувствителноста на зглобовите и проблемите со отокот.

This image has an empty alt attribute; its file name is vitamin-e-1.jpg

loading...

„Способноста на витаминот Е да ја обнови цревната бариера и да ја подобри гастроинтестиналната функција може да биде поврзана со превенција и третман на ревматоиден артритис (РА)“, пишуваат авторите на студијата. „Додатоците на витамин Е кои се користат редовно може да им помогнат на луѓето со РА да ја намалат непријатноста во зглобовите, едемот и вкочанетоста, како и да го подобрат нивниот севкупен квалитет на живот.
Сепак, нутриционистот Џинџер Хултин предупредува дека суплементацијата не се препорачува без претходна консултација со лекар. „Имајте на ум дека додатоците на витамин Е може да имаат интеракција со некои други додатоци и лекови“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Теретана под јорган: Пет пози кои согоруваат НАЈМНОГУ КАЛОРИИ

Половина час водење љубов потрошува околу 150. калории, но бројката може да биде поголема, во …