ФФФ@МСУ: „ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ“ (Најава на 12. ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ)

Под мотото „Будење на сонот“, годинешното 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) ќе биде обележано во знакот на надреализамот и шпанскиот генијален автор и режисер, Луис Буњуел. Веќе втора година, во соработка со Музејот на современата уметност, Фестивалот ја организира ФФФ@МСУ проекцијата на документарен филм – вопросториите на Музејот, годинава на 14-ти мај (сабота) во 12.00 часот– којаштоќе ја најави годинешната богата програма на Фестивалот. Во соработка со Музејот на современата уметност Скопје, Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и Кинотеката на С. Македонија, годинешниот избор падна на документарниот филм„ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ“ (Generación: Buñuel, Lorca, Dalí, 2018) во режија на Хавиер Еспада и Алберт Монтон.

This image has an empty alt attribute; its file name is generation_poster_pff22.jpg


„ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ“ е документарен филм којшто ја раскажува приказната за незавршената биографија на Макс Ауб (Max Aub), посветена не само на Буњуел, туку и на целата Генерација ‘27 со златната тројка Буњуел-Лорка-Дали како стожер на шпанската култура од XX век. Луис Буњуел, Салвадор Дали и Федерико Гарсија Лорка – младии бистри, интелигентни и весели, имаа проект за модернизација на земјата, визија за промена којашто секогаш беше придружена со насмевка, шега и генијалност. Но, тие ја претрпеа и трагедијата на војната којашто ги обележа и нив и целата нивна генерација. Некои беа убиени, како Лорка. Други беа принудени да отидат во егзил, како Буњуел. А некои, како Дали, мораа повторно да се реосмислат преку карикатура, понекогаш брилијантна, понекогаш срамна, за да преживеат.

This image has an empty alt attribute; its file name is generation_still_pff22.jpg
Во 1967 година, издавачката куќа Агилар побара од Ауб да ја напише биографијата на колегата од мексиканската генерација и егзил: филмскиот режисер Луис Буњуел. Кога Ауб умира на 22 јули 1972, на своето биро остава 5.000 страници напишани на машина, резултат на незавршен проект кој ја надминуваше типичната биографија и ја одразуваше синтезата на цела генерација шпански уметници чиишто животи беа обележани од три војни и прогонство кое траеше повеќе од 30 години. Овој хетероген сет на материјали ја одразуваше и модерната концепција на Ауб за наративниот жанр: лик конструиран од мозаик од различни визии и разнородни материјали.


This image has an empty alt attribute; its file name is Copy-of-that_obscure_object_of_desire_keystill.jpg

Филмското матине кое воедно е и најава за Ретроспективата Буњуел во рамките на Фестивалот (19-27 мај, Кинотека) ќе се одржи на 14 мај (сабота), со почеток од 12:00 часот, во Музејот на современата уметност Скопје. На настанот ќе се обратат Слаѓан Пенев од Филозофскиот филмски фестивал, амбасадорот на Шпанија во Скопје, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија и проф. д-р Иван Џепароски од Филозофскиот факултет во Скопје со воведно излагање. Влезот е бесплатен, во рамките на капацитетот на аудиториумот во Музејот на современата уметност Скопје.

РЕТРОСПЕКТИВАТА БУЊУЕЛ ќе се одвива од 19-27 мај во Кинотека, со почеток на проекции во 21 ч. Во нејзините рамки ќе бидат прикажани филмовите:

19 мај – Краткометражна вечер
АНДАЛУЗИСКИ ПЕС (1929)

This image has an empty alt attribute; its file name is Copy-of-an_andalusian_dog_keystill.jpg
ЗЕМЈА БЕЗ ЛЕБ (1932)
СИМОН ПУСТИНИКОТ (1965)
излагање (дискусија): м-р Ернесто Хедереро дел Кампо (Шпанија)
наслов на излагање: „Буњуел и шпанскатакултура“

20 мај – ВИРИДИЈАНА (1961)

This image has an empty alt attribute; its file name is Copy-of-belle_de_jour_keystill.jpg
излагање (дискусија): Стојан Синадинов
наслов на излагање: „Виридијана: невиностбеззаштита“

21 мај – АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (1962)
излагање (дискусија): проф. д-р Луис Мартин Ариас (Шпанија)
наслов на излагање: „ФилософскаанализанафилмотАнгелотистребувач“

23 мај – ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964)

This image has an empty alt attribute; its file name is Copy-of-diary_of_a_chambermaid_keystill.jpg
излагање (дискусија): Златко Ѓелески
наслов на излагање: „Поглед низ клучалката во перверзиите на буржоазијата:
Од дневникот на Мирбо до атипичниот реализам на Буњуел“

25 мај – УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ (1967)
излагање (дискусија): Даријан Пејовски
наслов на излагање: „Убавицата на денот: Надреализам во конвенционално филмско раскажување“

26 мај – ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (1972)

This image has an empty alt attribute; its file name is the_discreet_charm-of_the_bourgeoisie_still_1.jpg
излагање (дискусија): м-р Мариглен Демири
наслов на излагање: „Буржоазијата, демократијата и народот“

27 мај – ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (1977)
излагање (дискусија): проф. д-р Јасна Котеска
наслов на излагање: „Тој мрачен предмет на желбите: Психоаналитички поглед врз светот на Буњуел“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово ќе се одржи првиот „Меѓународен фестивал на прозата”

На 25 и 26 мај 2022 година во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” …