Магична ноќ со „Осмото светско чудо“ во Тирана

Во присуство на повеќе гости од дипломатскиот кор, од јавниот и од културниот живот, меѓу кои и духовниот водач на бектешите Баба Монди, во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, Р Албанија, се одржа промоција на романот „Осмото светско чудо“ (Mrekullia e Tet ë Botërore) од македонскиот писател и поранешен дипломат Јордан Плевнеш.

This image has an empty alt attribute; its file name is osmo-cudo-vo-tirana-6.jpg


На промоцијата, која помина во пријатна атмосфера, пред присутните говореше деканот на Академијата „Маруби“ од Тирана, Кујтим Чашку, кој истакна: „Ова е роман кој не е значаен само за македонската литература, туку многу повеќе за албанската современа литература и за целиот денешен европски свет“. Книжевниот критичар Бен Андони, пак, правејќи споредба со делото „Хазардски речник“ од Павиќ, романот на Плевнеш го спореди со повеќе значајни дела од балканската литература.

This image has an empty alt attribute; its file name is osmo-cudo-vo-tirana-3.jpg


За романот говореа и Хаќиф Мулиќи, драматург и уметнички критичар, и Агим Пољоска од Филололошкиот факултет во Скопје, кој е преведувач на романот.

This image has an empty alt attribute; its file name is osmo-cudo-vo-tirana.jpg

Извадоци од романот цитираа актерите Џоана Карај од Универзитетот на уметностите во Тирана и Лаерти Васили, еден од најпознатите актери од Националниот театар во Тирана.

Јордан Плевнеш е познат писател со меѓународна репутација, автор на повеќе театарски драми објавени и изведени во над 50 земји во светот.

Атмосферата беше надополнета со настапот на дел од членовите на музичкиот состав „Тирана – Тирона сите ѕвезди“ (Tirana – Tirona all stars).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што значи кога го сонувате поранешниот партнер: Едно значење е ПРЕДУПРЕДУВАЧКО – важна ПОРАКА е на пат до вас

Не постои личност на која не и се случило да сонува за поранешен партнер или …