Започна големата наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“

Омилениот домашен бренд за млеко и млечни производи, „Битолско”во знак на благодарност кон потрошувачите за дадената доверба, организира наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“. Со наградната игра по повод 70 години постоење, компанијата ги наградува верните потрошувачи со 70 вредни награди, а главната награда е автомобил ToyotaCorollaHybrid.
За учествување во наградната игра доволно е само да купите некој од производите од портфолиото „Битолско“ во вредност од најмалку 70 денари на една фискална сметка. Потоа потребно ебројот на фискалната сметка и времето на плаќање да се испрати преку СМС порака на бројот 149499 од операторите Македонски Телеком и А1 како и преку веб страната www.bimilk.mk/nagradna-igra. СМС пораката чини 5,9 ден.
Наградната игра започна на 2ри мај и ќе трае до 26 јуни до кога ќе може да се испраќаат пораките. Ќе има осум неделни извлекувања и секој понеделник ќе се доделуваат по два мобилни телефони и два LED Smartтелевизори. Главното извлекување е закажано за 27 јуни кога ќе биде доделена и главната награда, автомобил ToyotaCorollaHybridHatchback.
Добитниците ќе се извлекуваат по случаен избор, преку софтвер.
Купувајте производи од брендот Битолско, уживајте во производите и праќајте СМС со податоци од фискалните сметки. Редовно проверувајте ги телефонските повици /СМС пораките на својот мобилен телефон, бидејќи можеби токму вие ќе бидете добитник на некоја од вредните награди.
Подетални информации за наградната игра се достапни на линкот www.bimilk.mk/nagradna-igra.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што значи кога го сонувате поранешниот партнер: Едно значење е ПРЕДУПРЕДУВАЧКО – важна ПОРАКА е на пат до вас

Не постои личност на која не и се случило да сонува за поранешен партнер или …