Друштвото на филмски работници учествува на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери во Франкфурт

Претставници на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) учествуваат на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери (FERA), кое се одржува во Франкфурт. ДФРМ во Франкфурт го претставуваат режисерите Игор Иванов-Изи, Претседател на Друштвото на филмски работници и Даријан Пејовски, Претседател на секцијата режија во ДФРМ.

Ова е прв собир во живо на Генерално собрание на Федерацијата на европските филмски режисери од 2019. година, а домаќин на годинашното издание е филмската организација AG DOK во соработка со здружението BVR и филмскиот фестивал LICHTER Frankfurt International, со поддршка на VG Bild-Kunst. Во фокусот на Собранието оваа година е обновата на организацијата, односно членовите бираат нов Извршен одбор и нов почесен претседател на FERA во следните две години.


Благодарение на партнерството со филмскиот фестивал LICHTER во Франкфурт, на годинашата конференција на FERA се одржуваат две јавни пренесувани во живо, собирајќи ги филмските креатори и клучните играчи во индустријата за да разговараат за неодамнешните случувања кои влијаат на филмскиот занает и иднината на европскиот филм.

This image has an empty alt attribute; its file name is Visual-FERA-Press-Release_GA-announcement.jpeg


Првиот панел има за цел споделување сведоштва и искуства од снимањето филмови во текот и за воените конфликти, додека руската инвазија во Украина ја враќа во фокус единствената улога на филмските креатори за време на војна. Во време кога се потсетуваме дека културата е суштински дел од секоја добро функционална демократија, филмаџиите со единствени гласови го претставуваат потребното огледало на општеството. Сепак, додека уметничката и креативната слобода што им е потребна еродира низ Европа, јавната интервенција наменета за поддршка на закрепнувањето на аудиовизуелниот сектор од Ковид-19, се чини дека се фокусира исклучиво на глобализацијата, дигитализирацијата и понатамошно разеленување: на вториот панел се расправа за тоа како да се стави уметничката, креативната и културната разновидност повторно во срцето на аудиовизуелните политики ширум Европа.

Друштвото на филмските работници на Македонија е здружение на граѓани, основано на 21. мај 1950 година, формирано со слободно здружување на филмски работници од Македонија и има својство на правно лице. Друштвото е независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на филмските работници. Основните цели на Друштвото се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои делуваат на територијата на Македонија и во странство, како и обезбедување континуиран развој на филмската дејност, стимулирање и унапредување на филмската професија, промоција на филмската уметност и култура. Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”, како и иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка” која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на РСМ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во издание на „Македоника литера“ ОБЈАВЕНА КНИГАТА „ТИПОЛОГИЈА НА ПИСМОТО“ ОД ИГОР РАДЕВ

ОБЈАВЕН КНИГАТА „ТИПОЛОГИЈА НА ПИСМОТО“ ОД ИГОР РАДЕВ „Македоника литера“ деновиве ја објави научната студија …