ДОКТОР СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ СО НАДАЛ: Шпанецот со години има РЕТКА БОЛЕСТ која го довела до ОЧАЈ! Пред Ролан Гарос има само ЕДНА ОПЦИЈА!

Проблемите започнале на почетокот на кариерата на Надал, а со текот на времето се влошувале…
Рафаел Надал во јуни ќе го прослави својот 36-ти роденден. Тој е далеку од врвната форма и физичката подготвеност која беше негова голема предност во текот на неговата кариера.
Неговата желба сепак да се натпреварува на високо ниво е огромна и тоа му создаде нови проблеми.

This image has an empty alt attribute; its file name is rafa-maki-1-705x1024.jpg
Откако го победи Иван Љубичиќ во финалето на Мастерсот во Мадрид во 2005. година и со тоа ја освои својата прва титула на турнир во категоријата 1.000, Надал го изјави следново:
– Скршив коска во стапалото, изгубив неколку месеци од кариерата, но вредеше!
Меѓутоа, во тој момент не знаел што го чека во блиска иднина.
Потоа почнале хроничните проблеми за кои ниту еден лекар немал одговор. На Рафа му е дијагностицирана ретка болест Милер-Вајс.


View this post on Instagram

A post shared by Tennis TV (@tennistv)


Тоа е дегенеративно заболување кое ги напаѓа коските на стапалата, а познато е и како скафоиден остеохондрит. Станува збор за ретко заболување на дисплазија на скафоидната коска, односно деформитет на една од коските сместени во средниот дел на стапалото, што е од суштинско значење за подвижноста.
Шпанецот со помош на тимот и специјални мерки успеа да ја забави прогресијата на болеста, но тие донесоа други проблеми. Поради големиот товар на Рафа настрадаа колената поради што често правеше пократки или подолги паузи во кариерата, а последните месеци болките во стапалото станале неподносливи.
Па, не е ни чудо што по поразот од Денис Шаповалов во Рим, неговиот противник изјави дека „тешко беше да се гледа како Рафа страда“.


View this post on Instagram

A post shared by Tennis TV (@tennistv)


По неочекуваното напуштање на Мастерсот во главниот град на Италија, Надал објасни дека не е повреден, туку дека живее со повреда и дека болката во стапалото на мечот со Канаѓанецот била пресилна.
Тој откри и дека планира да игра на претстојниот Ролан Гарос, турнир кој го освоил рекордни 13 пати, но дека тоа ќе го прави со тоа што постојано ќе биде лекар со него.
– Тоа е целта. Иако е за недела и неколку дена подоцна се уште сонувам дека ќе играм во Париз – изјави разочараниот Надал.
Почетокот на Ролан Гарос е закажан за 22 мај, а финалето на 5 јуни. Последен пат Надал триумфираше на Грен слем во Париз во 2020 година.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Полицаец го убил легендарен Бразилец

Легендарниот бразилски борец во џиу џицу Леандро Ло е убиен во Бразил. Ленадро Ло имал …