(ФОТО) Форбс ја објави листата на десетте најплатени спортисти, еве кој ја предводи

ЛИОНЕЛ МЕСИ, ѕвездата на ПСЖ и аргентинската репрезентација и за многумина најдобар фудбалер на сите времиња, беше најплатен спортист во изминатите 12. месеци со заработка од 125. милиони евра, објави американскиот магазин Форбс. Десетте спортисти со најголема заработка во тој период заедно се приближија до бројката од милијарди евра.
Зад Меси е сезона каква не памети, барем во однос на напаѓачките перформанси. Според податоците на SofaScore, Меси е играчот со најслаб учинок меѓу сите напаѓачи кои се натпреваруваат во петте најсилни европски лиги, а да се обиделе да постигнат гол од минимум 60 шута. Неговиот процент на реализација е лоши 5,4 проценти, односно Меси прославува гол по приближно секој 19. удар кон противничкиот гол.
Тој постигна само четири првенствени гола за ПСЖ, кој за оваа сезона му плати 72. милиони евра. Останатите до 125. милиони евра се претежно спонзорски пари.

На второто место на листата е Леброн Џејмс со заработка од 116. милиони евра. „Лос Анџелес Лејкерс“ за својата ѕвезда издвои 40. милиони евра, додека тој надвор од паркетот заработи уште 76. милиони. Заедно со Меси и Џејмс, единствениот спортист кој ја надмина границата од 100 милиони евра на ова издание на листата на Форбс е Кристијано Роналдо (110 милиони евра).


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Меган Маркл како вистинска дама на Холивуд: Носела интересен летен стајлинг

Меган Маркл отсекогаш имала вкус… Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен …