(ФОТО) СИТЕ НИЈАНСИ НА СИНО: Кејт Мидлтон покажала како се носи КРАЛСКАТА БОЈА! 

Иако изгледа малку посериозно, овој изглед беше толку практичен што војвотката седела на подот и со часови си играла со најмалите.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, војводата и војвотката од Кембриџ, ја започнаа дводневната турнеја низ Шкотска со посета на Глазгов, а убавата сопруга на Вилијам решила да се појави од глава до пети во сина боја.

This image has an empty alt attribute; its file name is kejt-midlton-vo-sino-1-673x1024.jpg


Парот во основното училиште пристигна во одлично расположение и поминал неколку часа во дружење со најмалите, а војвотката уште еднаш ги маѓепса сите со својот стил.

View this post on Instagram

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@dukeandduchessofcambridge)



Кејт за оваа пригода избрала „цигара“ панталони во темно сина боја кои ги искомбинирала со светло сина блуза која досега не ја носела. Станува збор за парче со кратка руска јака од брендот Cefinn, за кое Мидлтон издвоила околу 200. евра. Станува збор за парче со скриени џебови и едно превиткување кое се протега од вратот до стомакот, имитирајќи панделка, многу елегантен и намален начин да се направи поинтересна комбинација од деловна облека.

This image has an empty alt attribute; its file name is kejt-midlton-vo-sino-2-732x1024.jpg

Кејт на се додала морнарски салонки од превртена кожа, брендот Rupert Sanderson и чанта од брендот Pollen во иста нијанса, па решила да го прекрши правилото да не се комбинира сина и црна боја со избирање едноставен црн кожен ремен.

Таа сè заокружила со темносин макси капут, а овој изглед одлично се вклопил во нејзиниот веренички прстен од сафири.
Војвотката, која исто како и принцезата Дијана е голем љубител на бисерите, со висечките обетки со бели бисери додала нота на женственост, а нејзиното деловно издание се покажало како многу практично бидејќи долго време си играла со најмалите и седнала со нив во турски стил.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што значи кога го сонувате поранешниот партнер: Едно значење е ПРЕДУПРЕДУВАЧКО – важна ПОРАКА е на пат до вас

Не постои личност на која не и се случило да сонува за поранешен партнер или …