(ВИДЕО+ФОТО) Вавринка даде се од себе: Ниту одблиску доволно за Новак!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим – Србинот по 76 минути тенис во италијанската престолнина имаше 2-0 во сетови, и беше подобар од 316. играч на планетата Стен Вавринка.
Во сетови беше 6:2, 6:2 за освојувачот на 20 Грен слем титули, па Ѓоковиќ во борба за полуфинале ќе игра против осмиот носител Феликс Оже-Алиасим кој со 2-0 го совлада Маркос Жирон.


Ова беше 26-ти дуел меѓу Ѓоковиќ и Вавринка и прв по УС Опен во 2019 година, кога Ѓоковиќ беше принуден да предаде после 2-0 во сетови. Ѓоковиќ славеше 20 пати во меѓусебните средби, а Вавринка шест.

Сепак, 37-годишниот Швајцарец, трикратен Грен слем шампион, може да биде задоволен од настапот во Рим – го прекина постот долг 465. дена без победа на АТП, а во Италија победи двајца тенисери – Рајли Опелка и Ласло Гере.

View this post on Instagram

A post shared by Tennis TV (@tennistv)


Неверојатно е што Ѓоковиќ од 2007 година нема пропуштено четвртфинале на Рим.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Давидовски испиша историја, прв Македонец со победа во ТЦР Европа

Автомобилистот Виктор Давидовски успеа да испише историја и стана првиот Македонец со победа во престижниот …