Што гледате на сликата? ПСИХОЛОШКИОТ ТЕСТ НА РОРШАХ открива како размислувате, како и вашата ПСИХОЛОШКА СОСТОЈБА!

Оваа слика, како и голем број други, е направена од Херман Роршах. Тој беше познат швајцарски психијатар и психоаналитичар, креатор на еден од најпознатите тестови за дијагностицирање на личноста, кој го носи неговото име – тестот Роршах. Добро погледнете ја сликата и прочитајте што значи тоа што го видовте.


Целосниот тест се состои од десет точки со недефинирана форма направени од истурено мастило. Пациентот треба на свој начин да ги интерпретира сликите и да ги објасни првите асоцијации, а клучот за овој тест е во потсвесното размислување на пациентот, кое ја открива неговата емоционална и ментална состојба.

Двајца луѓе
Прашањето е каков е односот на луѓето што ги гледате? Решението е во фокусот. Овој став крие и сексуални конотации. Ако тоа е главната работа што ја гледате, вие сте преокупирани со секс на потсвесно ниво.


Некој се гледа во огледало
Тој некој сте всушност вие. Како се чувствувате за оваа слика и дали гледате крв? Крвта е поврзана со агресија и негативност. Чувствата на личноста која се гледа себеси во огледало се ваши емоции кои ги негувате кон себе.

Куче
Ова животно го претставува вашето внатрешно битие, но и вашите стравови. Доколку во вас има негативни емоции, можеби имате некои скриени стравови со кои треба да се соочите.

Слоновите кои играат
Овие нежни џинови се симбол на интелигенција и самодоверба. Какви чувства имаат слоновите во вас? Позитивни или негативни? Оваа слика само открива што мислите за себе.

Мечка
Ако видите крвава мечка длабоко во себе сте тажни. Вие сте чувствителни, благи и наивни.

Двајца се молат
Ако видите двајца како се молат, знаете дека поминувате низ голема животна криза.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како сакаат хороскопските знаци: Едни само еднаш во животот, други можат да се заљубат во секого

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …