(ФОТО) Албански политичар уапсен поради серија грабежи: Една од метите бил Бензема

Поранешен висок функционер во албанската влада наводно бил организатор на грабежот на куќата на францускиот репрезентативец
Алфред Продани, еден од водечките албански политичари, бил уапсен во соработка со Интерпол и локалната полиција под сомнение за грабеж во Шпанија.
Негова мета, меѓу другите, бил и напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.
Поранешен висок функционер во албанската влада наводно бил организатор на грабежот на куќата на францускиот репрезентативец, објавија странските медиуми.

Таа акција се случила на 27. февруари 2019. година за време на Ел Класико кое се играше на „Сантијаго Бернабеу“.
Бензема кога се вратил од споменатиот меч дознал дека бил ограбен, а три години подоцна сомнежот паднал на Продани.
За овој грабеж имал и помошници, а обвинет е за уште 40. слични кривични дела во Шпанија, од 2013. година наваму.


Фото: Социјални мрежи

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ по 12-ти пат во кариерата во полуфиналето на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. Тој во четири сета беше подобар …