(Рецепт) Традиционален ИНДИСКИ НАПИТОК за широк спектар на заболувања

Водата со додавање на зачини од ким се смета за исклучително корисна за здравјето на целиот организам
Кимот е зелено зачинско растение кое потекнува од Индија, каде што традиционално се одгледува и се користи за медицински цели во форма на едноставен пијалок наречен „jeera water“ – вода со ким. Водата со додаток на ким може да помогне при разни болести, како што се варење, дијабетес, кожни болести, па дури и проблеми со крвниот притисок.

„Хемискиот состав на кимот се состои од 3. до 7. отсто есенцијално масло, 13, до 16, отсто масно масло, протеини, танини, оцетна киселина“


Како зачин, кимот бил популарен во древниот Египет, за што сведочат плодовите на ким пронајдени во египетските гробници. Во Библијата многу се зборува за семките од ким. За време на римските императори кимот се третирал како зачин, но и како лек. Римјаните и Грците го користеле како лек и козметика за избледување на тенот.

This image has an empty alt attribute; its file name is indiski-napitok.jpg
Хемискиот состав на кимот се состои од 3. до 7. проценти есенцијално масло, 13. до 16. проценти масно масло, протеини, танини, оцетна киселина. Надземниот дел од растението ги содржи флавоноидите кемпферол и кварцитин, како и изорамнетин. Освен тоа, покрај есенцијалните масла има и корисни антиоксиданси како витамин Ц и витамин А. Семките од ким содржат мононезаситени масти, диетални влакна, протеини и антиоксиданси. Тие се богати со витамини А, Б, Ц и Е, како и со минерали железо, манган и магнезиум.
Антиоксидансите во кимот се особено добри за спречување на рак на дебелото црево. Има и антиинфламаторни својства кога се во прашање дишните патишта. Маслото од ким исто така се покажало како ефикасно за менструални проблеми. Семките од ким содржат железо и ја подобруваат состојбата на црниот дроб. Етеричното масло од ким е корисна алатка за зајакнување на одбраната на телото и разни алергии. Кимот е докажан лек против алергии, алергии на прашина и полен, како и против невродерматитис.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МОМЕНТИ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ЗАПОМНАТ – Прекрасните бебиња близнаци се „препознале“ по прв пат, нивните насмевки кажале се!

Иако понекогаш се караме со нашите браќа и сестри, таа љубов е огромна и значи …