(ФОТО) Водителката го прекинала лекувањето на ракот: „Не можам да одам, спијам по цели денови…“

Водителката Дебора Џејмс открила дека го прекинала активниот третман за рак на цревата во стадиум IV и сега е дома на болничка нега. По тој повод таа се огласила на Инстаграм каде често пишувала за својата болест.
„Моето активно лекување престана и сега сум префрлен на болничка нега дома, со моето неверојатно семејство околу мене и фокусот е да не ме повредам и да поминувам време со нив. Никој не знае колку време ми преостанува, но не сум во состојба да одам, спијам поголемиот дел од денот и можам само да сонувам за работите што до сега ги земав здраво за готово. Знам дека направивме сè што можевме“, започнала водителката на подкаст на Би-Би-Си.

View this post on Instagram

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

loading...

„Повеќе од пет години пишував за тоа како мислев дека тоа ќе биде мојот последен Божиќ или дека нема да го прославам мојот 40-ти роденден или да ги гледам моите деца како одат во средно училиште…
Всушност, не ни замислував дека ќе напишам пост во кој навистина ќе се збогувам. Мислам дека тоа беше некоја бунтовничка надеж во мене. Но, дури и со сите иновативни лекови против рак или некое магично ново откритие, моето тело едноставно не може повеќе да продолжи“, додала таа.


View this post on Instagram

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)


„Сите сте неверојатни, ви благодарам што ја одигравте вашата улога во моето патување. Без жалење. Уживајте во животот“, заклучила Дебора.


View this post on Instagram

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

За потсетување, на Дебора за прв пат болеста и била дијагностицирана во 2016. година. Минатата година таа истакна дека луѓето со рак на дебелото црево живеат максимум две и пол години по дијагнозата, што лекарите и го предвиделе и неа.

View this post on Instagram

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)


Новинарката и нејзиниот сопругот Себастиен Боуен имаат две деца – синот Хуго и ќерката Елоиз.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …