(ФОТО) Бразилка родила син на концерт на „Металика“

СУПЕРМАРКЕТИ, автомобили, лифтови… се само дел од необичните места каде се раѓаат бебиња, а ваквите вести многу брзо го обиколуваат светот. Бразилката Џоис Фигеиро ги добила своите трудови за време на концертот на „Металика“ на стадионот Куто Переира во Куритиба, Бразил во саботата навечер.
Таа на Инстаграм споделила детали за необичното родно место на нејзиниот син, а потоа бендот ја споделил веста на својот Инстаграм со 8,2 милиони следбеници, пишува Sky News.

View this post on Instagram

A post shared by 𝕁𝕠𝕚𝕔𝕖 𝕄. 𝔽𝕚𝕘𝕦𝕖𝕚𝕣𝕠́ • ℙ𝕖𝕤𝕤𝕠𝕒𝕝 (@digdigjooi)

loading...

Џоис купила билети за концертот пред три години, но поради пандемијата на коронавирус, концертот неколку пати бил одложуван. Таа на концертот пристигнала во 39-та недела од бременоста.
Таа била придружувана од нејзиниот сопруг Хаиме Фигујеро, кој повикал брза помош веднаш штом започнало породувањето, но поради напредните контракции било предоцна да биде пренесена во болница.



Среќната мајка на својот Инстаграм профил напишала дека нејзиниот син се родил додека членовите на „Металика“ ја изведувале песната „Enter Sandman“, додавајќи дека била особено емотивна бидејќи тоа е омилената песна на нејзиниот татко.
Таа на шега напишала и дека својот син ќе го именува Џејмс Улрих по гитаристот Џејмс Хетфилд и тапанарот Ларс Улрих.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …