(ФОТО) Шпанци: Мбапе е виден во Мадрид, со него бил соиграч од ПСЖ

ФРАНЦУСКИОТ фудбалер Килијан Мбапе е виден во Мадрид, пренесува шпанскиот медиум Desportes Cope. Нивниот новинар го фотографирал додека влегувал во познат мадридски ресторан во друштво на денешен соиграч од ПСЖ, поранешниот играч на Реал Мадрид, Ахраф Хакими и неговиот брат. Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува ова лето, а многу медиуми пишуваат дека тој без обештетување ќе премине во Реал Мадрид.

Францускиот весник Le Parisien пред неколку дена излезе со информација дека ПСЖ постигнал нов договор со Мбапе и дека тој ќе остане на Паркот на принцовите. Французите тврдат дека ПСЖ му понудил 100. милиони евра бонус и уште 50. милиони евра годишна плата на Мбапе за да остане во Париз во следните две години. Ова се сумите до кои Реал, клубот во кој Французинот сака да оди, не може ниту да се приближи.
Но, набрзо се јавила мајката на Мбапе и им кажала на медиумите дека тој не се договорил за никаков договор. „Нема договор. Ниту со ПСЖ, ниту со кој било друг клуб“, рекла Фајза Ламари, додавајќи дека Килијан ќе го направи најдобриот избор.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …