(ФОТО) Од продавачка на пазар до богаташка – една средба и го променил животот

Животната приказна на 39-годишната жена често ја нарекуваат модерна бајка, имајќи предвид дека пораснала во голема беда и сиромаштија, во тешки животни околности, така што нејзиниот живот од корен се променил во тинејџерските години.
Наталија Водјанова го поминала детството работејќи на пазар, а таму ја забележал моден агент, кој ја вовел во светот на модата и со текот на годините и овозможил удобен живот за кој тогаш можела само да сонува. Наталија се нашла во Париз кога имала само 17. години.
За кратко време станала еден од најбараните и најплатените модели. Милионски договори, насловни страници за „Вог“ и други магазини, таа беше заштитно лице на светските брендови како „Гучи“, „Прада“, „Шанел“, „Версаче“, „Хуго Бос“… Наталија била трет најуспешен модел на светот и успеала да заработи 20. милиони долари на само 20. години. Тогаш го добила и прекарот Супернова.

View this post on Instagram

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova)


Кога станала една од најплатените манекенки во светот, влегла во светот на богатите и аристократите, меѓу кои го запознала и својот прв сопруг Џастин Портман, со кого има три деца. Нивниот брак траел девет години, а Џастин во едно подоцнежно интервју открил дека по раскинувањето морал да побара стручна помош поради нервен слом што го доживеал поради раскинувањето со убавицата.



„Се чувствував како износена чанта од Луј Витон. Таа ме третираше како да се срами од мене. Кога разводот заврши, отидов на рехабилитација за сè. Подоцна, кога се слушнавме со неа, таа ми рече дека воопшто не и недостасувам и дека не и паѓа на памет повторно да бидеме семејство“, изјавил Џастин за медиумите по разводот.
Наталија продолжила понатаму и набргу по разводот повторно ја нашла љубовната среќа. Таа се заљубила во милијардерот Антоан Арно, а врската ја крунисале со брак во 2020. година. Заедно имаат два сина – Максим и Роман.


Повеќе од модел
Покрај успешната манекенска кариера, Наталија се занимава и со хуманитарна работа, но и се бори за заштита на правата на децата со аутизам. Таа има и модни агенции кои ги извлекуваат девојките од сиромашните области, давајќи им можност да стигнат до модните писти на познати дизајнери

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив… „Долг и …