(ФОТО) НАВИКИ ВО ИСХРАНАТА ПОРАДИ КОИ ЏЕЈН ФОНДА НА 84. ИЗГЛЕДА 25. ГОДИНИ ПОМЛАДА: Како го постигнува тоа?

Сите знаеме дека Џејн Фонда долго време се занимава со здравјето и фитнесот.
И без разлика дали сте биле обожаватели на нејзините видеа за вежбање во 1980-тите или понов обожавател на најновата сезона на „Грејс и Френки“ на Нетфликс, веруваме дека вие, како и луѓето ширум светот, се прашувате како е можно таа да изгледа толку неверојатно добро на 84. години.
Фонда отсекогаш верувала во водење свесен, здрав начин на живот, наспроти обидот за слабеење за кратко време или следењето на најновата модерна диета како јавна личност. Но, кои се нејзините здрави навики во исхраната?

View this post on Instagram

A post shared by Jane Fonda (@janefonda)



Таа ги отфрла брзите диети
Во 2012. година, Фонда ги сподели своите омилени здравствени совети за здраво слабеење. Еден од нејзините први совети бил да заборави на брзите диети.
„Брзите диети се оние кои ветуваат нереални резултати“, вели Фонда. „Не треба да се обидувате да изгубите повеќе од половина килограм за две недели“.
Фонда исто така додава дека е важно да се промени начинот на кој размислуваме за исхраната и здравјето. „Не размислувајте за диета, мислете на здравјето“.

View this post on Instagram

A post shared by Jane Fonda (@janefonda)


Никогаш не го прескокнува појадокот
Фонда рекла и дека појадокот е клучен за вашето здравје и дека е најважниот оброк во денот.
„Секое утро посветете се на започнување на денот со хранлив појадок. Луѓето кои го прават тоа имаат тенденција да губат тежина“, вели Фонда.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ГИ НАСМЕАЛ ГЛЕДАЧИТЕ – Водителот на РТС се „телепортирал“ во студио за време на преносот на СП: „Сепак, не ја плаќаме претплатата за џабе!“

Водителот на Радио-телевизијата на Србија (РТС) стана хит на социјалните мрежи откако се „телепортираше“ во …