Промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска

На ден 10.05.2022 година (вторник) со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” -Куманово ќе се одржи промоција на романот „Денот на црвот” од Симона Јованоска.
Симона Јованоска е родена во Гостивар, завршила средно Економско училиште во родниот град, а потоа и Економски факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”. Својата прва дебитантска книга ја објавува во 2015 година под наслов „Ги најдов во длабокото”. „Денот на црвот” е нејзин прв роман, но и како првенче во конкуренција од 39 книжевни остварувања е добитник на наградата „Роман на годината” за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”.

This image has an empty alt attribute; its file name is denot-na-crvot-promocija.jpg
„Со чудата треба да се внимава”
Во вторник на промоцијата ние ќе внимаваме, „чудата” се околу нас, во фоајето, помеѓу кориците на романот но и помеѓу читателите.
Автентични ликови, широк спектар од компарации овозможуваат читателска сладост и желба за сопствена но и општествена слобода, ослододување од личните и колективните стеги.
Проектот е подржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска во Рим на концерт на тенорот Благој Нацоски во чест на светите браќа Кирил и Методиј

„За Кирил и Методиј е запишано дека биле векови пред своето време. Затоа и чествувањето …