Над 14.000 посетители на Зоолошката градина изминатиов викенд

Зоолошката градина и годинава е една од најпосетените локации во Скопје, каде овој викенд имавме рекордна посетеност од над 14.000 посетители.
Град Скопје и ЈУ „Зоолошка градина” во континуитет работат на подобрување на просторните услови на живеалиштата, а рекордната посетеност е уште еден поттик за продолжување на активностите за поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните.
Апелираме до посетителите на Зоолошката градина на совесно однесување, со што вработените ќе можат полесно да ги реализираат нивните работни обврски и мисија – едукација, чиста и средена зоолошка и најголема грижа и љубов за животните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„АКО ВАШИТЕ ПРОБЛЕМИ МОЖЕ ДА СЕ РЕШАТ СО ПАРИ, ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ, ТОА Е ТРОШОК“: Евреите ги решаваа предизвиците на посебен начин!

Мудрите еврејски поговорки за животот ќе го олеснат речиси секој проблем со кој се соочуваме. …