Германецот Александар Зверев е вториот финалист на турнирот во Мадрид. Во второто полуфинале го победи Стефанос Циципас со 6:4, 3:6, 6:2, а во мечот за титулата в недела од 18 часот и 30 минути со директен пренос на Спорт Клуб 1 ќе игра против Карлос Алкараз.
Германецот го доби првиот дел од натпреварот против Циципас со 6:4. Во дуел на одлични сервери, Зверев ја искористи единствената брејк топка во седмиот гем и стигна до сетот на предности.
Гркот го возврати ударот во вториот сет и го израмни резултатот на 1:1. Сега успеа да дојде до единствените две брејк топки во осмиот гем. Првата не ја искористи, но затоа втората го искористи за 5:3. Во следниот гем лесно го доби гемот на свој сервис за да го израмни резултатот во сетови.
View this post on Instagram
Сепак, загубата на вториот сет не го поколеба Зверев. Германецот веднаш направи брејк и поведе со 3:0. После тоа Циципас немаше шанси да се врати и Зверев закажа решавачки меч во главниот град на Шпанија со Алкараз.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Twitter